Испечати

Американери со нутела

Американери со нутела

Состојки

  • 150 гр путер
  • 120 гр шеќер
  • 1 кес. ванилин шеќер
  • 1 кес. прашок за пециво
  • 300 гр брашно
  • 1 кес. пудинг од ванила
  • 2 јајца
  • 50 мл млеко
  • 1 чаша нутела

Подготовка

1. Се мати кратко путерот кој стоел на собна температура. Се додава шеќерот и се мати пенасто.
2. Се мешаат сувите состојки во посебен сад и се додаваат на путерот. Се меша.
3. Се додаваат јајцата едно по едно, добро се микса и на крај се додава млекото.
4. Одкако се добро е измиксано, со лажиче се вадат топченца и се ставаат во плех, покриен со пек папир (потребни се два плеха).
5. Се печат на 180 ст Ц околу 12-15 мин, или додека малку заруменат.
6. Штом се изладат, се лепат по две со нутела.

Овие се едни од најомилените колачиња на американските деца, можат да се јадат и поединечно, но посебно се убави како сендвич со нутела.