Испечати

Едноставен колач со нутела

Едноставен колач со нутела

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер+ванилин шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша (неполна) масло
  • 2 чаши брашно+пециво
  • 1/2 чаша нутела+1/2 чаша сечкани ореви,лешници...
  • по потреба шеќер во прав
  • чаша од 180 мл.

Подготовка

Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот. Додајте ја претходно стопенат нутела на пареа, повторно убаво измиксирајте да се изедначи и додадете ги останатите состојки. Измешајте со лажица да се соедини.
Сипете ја смесата во плехче бр.28. обложено со пек хартија или намачкано со масло и побрашнето со брашно. Ставете да се пече на 250 степени 30 мин.Може да го премачкате со нутела и поросите со мелени лешници, стопена чоколада или само прав шеќер.