Ореви со нутела
Состојки
- 400 гр брашно
- 200 гр маргарин
- 50 гр сало
- 250 гр шеќер
- 1 јајце
- 100 гр мелени лешници
- 70 гр мелени ореви
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче цимет
- Фил
- 200 гр мелени ореви
- 70 мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 130 гр маргарин
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 3 лажици нутела
Подготовка
Во брашното, ставете ги сите состојки за тестото и измесете тесто кое ќе го оставите во фрижидер 1/2 сат.
За филот, зовријте го млекото со шеќерот и попарете ги оревите. Ставете ја нутелата. Кога ќе се излади, изматете го маргаринот, додајте му ги оревите и продолжете со миксирање додека не се добие кремаста структура.
За да се направат овие оревчиња, потребни ви се калапчиња со форма на орев. На почетокот, секое калапче, со прст премачкајте го со малку маргарин, набрашнете го и наредете ги сите калапчиња во плех. (Јас имам 40 калапчиња и испеков 4 плеха, а на крајот добив 80 оревчиња)
Од тестото правете топчиња со големина малку поголема од лешник и секое топче втиснете го во калапчето.
Печете во загреана рерна на 180 степени, десетина минути. Бидете внимателни, лесно можат да изгорат.
Извадете ги од рерната. Колачињата многу лесно излегуваат од калапчињата и одма ставете нова тура.
Филувајте по две со по половина лажиче од филот.