Кошнички со Нутела
Состојки
- 200 гр. чоколадо
- 3-4 лажици крем Нутела
- 50 гр. искршени бадеми
- 50 гр. желе бонбони
Подготовка
За филот мешаме неколку лажички Нутела крем со кршени потпечени бадеми (секогаш кога работам со тврдо овошје малку го потпечувам и така добива поинтезивен вкус). Потоа чоколадото го топиме на пареа и ги полниме кошничките околу 1/3. Врз чоколадото се става по една мала лажичка од филот а потоа ситно сечкани желе бонбони во различни бои. Кошничките се оставаат малку да се стегнат а потоа се ставаат рачките направени од марципан, цветовите и по 2 зелени ливчиња.