Видео рецепт: Француски грав со колбаси
Кога температурите се намалуваат и почнува да се стемнува се порано, нема ништо подобро од хранливо јадење да Ве најаде и стопли на крајот од напорниот ден. Овој рецепт ни доаѓа од Франција и е извонредно богат и вкусен.
Состојки
- 200 грама бел грав
- 5 големи колбаси
- 100 грама сланина
- 2 главици кромид
- 1 рака магдонос
- 1 цело стебло праз
- 4 чешниња лук
- 300 милилитри бело вино
- 1 коцка за пилешка супа
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 6
Време на подготовка: 2-3 часа
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Тава со рачки.
Подготовка
Чекор 1:Време е за сецкање! Исечкајте го празот на парчиња. Потоа и кромидот и лукот.
Ситно исечкајте го магдоносот, а по него исечкајте ги и колбасите и сланината.
Чекор 2: Пропржете го месото во масло. Сакаме тоа да го ослободи вкусот и маснотиите. Ако го вариме без да го пропржиме, на крајот ќе биде меко и нема да биде толку убаво.
Чекор 3: Извадете го месото и потоа испржете го празот, кромидот и лукот. Убаво зачинете.
Чекор 4: Изронете една коцка за пилешка супа и потоа ставете го месото, гравот, магдоносот и белото вино. Прелијте ги состојките со вода и крчкајте на тивок оган околу 3 часа. Можете да го скратите времето на варење ако гравот го оставите да отстои во вода преку ноќ.
Чекор 5 Сервирајте со гарнир од свеж магдонос и едноставно ставете обилна количина во чинија. Бон апетит!
СОВЕТ: Ние јадењето го варевме на рингла неколку часа, но Французите знаат да го подготват овој рецепт и печен во рерна со богато масно месо како што е сланината, колбасите, а често и месото од патка. Масното месо му помага на јадењето да се згусне и неговите сокови прекрасно ги покриваат меките зрна грав.