Какао колач со џем од сливи
Состојки
- 2 јајца
- 1 чаша (200мл) шеќер
- 1 чаша зејтин
- 1 чаша млеко
- 2,5 чаши брашно
- 1 пециво
- 1/2 чаша џем од сливи
- 2 лажици какао
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот а потоа се додаваат млекото, зејтинот и брашното. Во загреаниот џем се става какаото убаво да се стопи и се додава кон смесата.
Колачот може да се испече во калап, а кај мене тука е дупла доза и затоа е во плехче бр 32. Се пече на 180С околу 20 минути, а одозгора може да се декорира со чоко прелив или кокос.