Супа со свежи шампињони

Состојки
- 1 поголема главица кромид
 - 250-300гр. свежи шампињони (сецкани на кришки)
 - 1 поголем морков (сецкан на кругови)
 - 3-4 чешниња лук
 - 1 компир
 - 1/2 чаша кисела павлака
 - 1 коцка за супа
 - малку сол, кари, бибер
 
Подготовка
Прекрасна супа која ќе ве стопли во студените зимски денови...
Кромидот се сецка на месечинки и се запржува, да омекне на малку масло. Се додава сецканото лукче и шампињоните. По потреба се додава малку вода и се остава да се динста 10 минути.
 Се додаваат сецканиот морков, компирот исецкан покрупно, 1 литар врела вода, коцката за супа и зачините.
 Кога компирот ќе се свари, се вади настрана, се пасира и се враќа во супата.
 Павлаката се раствора во малку вода и се додава во супата. По желба, на крајот, се додава сецкан магдонос.
Добар апетит!