Колач со рогач
Состојки
- 5 јајца
- 5 филџани (од 100мл.) шеќер
- 3 филџани масло
- 3 филџани минерална вода
- 6 филџани брашно
- 3 филџани мелен рогач
- 1 прашок за пециво
- 2 кесички ванилин шеќер
- 3 крупно рендани кисели јаболка
- по желба/потреба мармалад
- по желба/потреба рендано чоколадо
Подготовка
Секогаш кога ќе успеам да набавам рогач, го подговувам овој ароматичен колач.
Во длабок тањир се меша брашното, рогачот и прашокот за пециво.
Рерната се вклучува на 175-200 степени, да се загрева додека се подготвува смесата.
Во поголем сад за матење се матат прво белките. Се додава шеќерот, потоа жолчките и постепено маслото, минералната вода, а потоа и сувите состојки. На крајот се додаваат ренданите јаболка.
Смесата се пече во плех(пр.25х35см.) на хартија за печење околу 35-45 минути.
Откако ќе се испече, додека е топол, колачот се премачкува со мармалад од кајсии и се посипува со рендано чоколадо.