Бомбици со сецкано чоколадо
Состојки
- 60 гр. маргарин
- 2 пудинга од ванила
- 1 жолчка
- 3 лажици вода
- 1/2 ампула(1 мл) екстракт од рум
- 60 гр. шеќер во прав
- 2-3 реда бело млечно чоколадо
- 15 мелени бисквити
- За украсување
- 1 ред чоколадо за готвење
- 1 лажица еурокрем
Подготовка
Во сад изматете ги со жица жолчката со шеќерот во прав, румот и водата. Ставете ја оваа смеса на пареа да се провари 5-7 минути, а потоа тргнете ја и додајте го омекнатиот маргарин и пудингот. Убаво промешајте и оставете да се излади. На оладената смеса додајте ги мелените бисквити и сецканото чоколадо.
Убаво промешајте ја смесата и од истата формирајте бомбици.
На секоја бомбица нанесете малку еурокрем и форми од растопено чоколадо за готвење.
Формите се прават едноставно со тоа што чоколадото се топи на пареа, се става во фишек од хартија и на фолија од чоколадото се прават форми по желба. Се остават да се стврднат во фрижидер и се нанесуваат на секоја бомбица.