Испечати

Лешник коцки

Лешник коцки

Состојки

  • Тесто*
  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици мелени лешници
  • 1/2 пециво
  • Фил*
  • 300 гр. мелена плазма
  • 100 гр. мелени лешници
  • 250 гр. маргарин
  • 200 мл. сок од портокал
  • 200 гр. шеќер во прав
  • 1-2 кесички шлаг од ванила

Подготовка

Јајцата и шеќерот се матат пенасто. Се додаваат брашното, мелените лешници и пецивото и нежно се промешува. Во округла тава бр. 28 подмачкана и посипана со брашно се истура смесата и се става да се пече на 200 Ц. некаде околу 10 мин.

Фил*
Маргаринот и шеќерот во прав се матат, се додаваат сите други останати состојки добро се изматува и смесата се нанесува на изладената кора. Одозгора се става шлагот од ванила.