Коктел кифли
Состојки
- 500мл млеко
- 1 квасец
- 10 лажици масло
- 1 лајца сол
- 4 лајчиња шеќер
- 1 јајце и сусам
- 700 гр брашно (по потреба може да се додаде)
Подготовка
Сите состојки се мешаат и се прави меко тесто. Тестото се меси 10мин, се дели на 40 топчиња кои се премачкуваат со масло и се оставаат да киснат 20мин. Секое топче се расукува и се прават разни форми, се премачкуваат со јајце и сусам.
Се печи на 200-20мин. Кога ќе се извадат од релна се премачкуваат со масло за да светат.
Пријатно!