Мафини со банана и мед
Состојки
- тесто
- 1 банана
- 50гр маргарин
- 125мл мед
- 2 јајца
- 125мл млеко
- 1 пециво,какао,морско оревче(по потреба)
- 300гр брашно
- 12парчиња орев или лешник
- Глазура
- 100гр чоколада и шлаг пена
Подготовка
Количината е за 12 мирисни мафини.
Најпрво се гмечи бананата, се додава стопениот маргарин, медот, матените јајца, млекото, пецивото, оревчето и на крај брашното измешано со какаото. Се полнат хартиените кошнички кои се во модли од мафини.Се печат на 180-25мин. Кога ќе оладат се филува со шлаг и стопена чоколада.Пријатно!