Солена обланда со три фила
Состојки
- 3 листа обланда
- Прв фил
- 200 гр. мајонез
- 200 гр. кисела павлака
- 200 гр. фета сирење
- 250 гр. шунка
- Втор фил
- 100 гр. мајонез
- 200 гр. кисела павлака
- 4 варени јајца
- 6 кисели краставички
- 100 гр. кашкавал
- Трет фил
- 200 гр. мајонез
- 200 гр. кисела павлака
- За декорација
- 100 гр. кашкавал
Подготовка
Првиот фил се добива откако ќе се измешаат мајонезот, павлаката, фета сирењето и сецкана шунка.
Вториот фил се добива откако ќе се измеша мајонезот и павлаката со рендани варени јајца, рендан кашкавал и сецкани кисели краставички.
Третиот фил се состои од мешавина од павлака и мајонез.
Откако ќе бидат приготвени сите филови се филува обландата.
Првиот лист обланда се премачкува со првиот фил, па врз филот се става другот лист обланда кој пак се премачкува со вториот фил. Врз вториот фил се става последната обланда која се премачкува со третиот фил.
На крај целата обланда се декорира со рендан кашкавал или друго по желба.
Обландата се става во ладилник до следниот ден, па потоа сече на коцки.
Овој рецепт е погоден за празнични трпези и за сервирање.