Испечати

Торта со Фанта и лешници

Торта со Фанта и лешници

Состојки

  • За пандишпан
  • 4 јајца
  • 15 лажици шеќер+1 ванилин шеќер
  • 13 лажици брашно + 1 лажица какао
  • 3 лажици мелени лешници
  • 2-3 лажици ситно сецкани лешници
  • 1 пециво
  • 100 мл. млеко
  • 100 мл. масло
  • За фил
  • 250 гр. маргарин
  • 6 лажици шеќер + 1 лажица какао
  • 600 г. мелени бисквити
  • 100 гр. сецкани лешници
  • 100 гр. мелени лешници
  • 1 литар Фанта газиран сок(може било кој друг оранж сок)
  • За декорација
  • 2 шлаг пени
  • 200 мл. млеко или вода

Подготовка

За пандишпан
1. Јајцата сматете ги со шеќерот додека добие пенлива смеса.
2. Додајте ги останатите состојки. Измешајте со лажица.
3. Ставете ја смесата во плехче со хартија.
4. Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени 20мин.
5. Кога ќе се испече, оставете го да се олади и сечете го на два или три еднакви делови.

За фил

1. Изматете ги маргаринот со шеќерот.
2. Додајте ги останатите состојки и убаво мешајте со миксер додека се спои. Треба да биде меко за мачкање. Можете да ставите уште сок.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Филувајте ја тортата кора- фил -кора,шлаг пена.