Испечати

Солен куглоф

Солен куглоф

Состојки

  • 3 јајца
  • 9 лажици брашно
  • 100 мл. масло
  • 2 филџана од 100 мл. рендан кашкавал(може сирење)
  • 2 филџана од 100 мл. рендана салама
  • 2 филџана од 100 мл. рендан морков
  • 1 филџан од 100 мл. ситно сецкан магданос(не мора)
  • 1 лажиче сол
  • 1 пециво

Подготовка

Јајцата изматете ги со солта, додадете ги и другите состојки, измешајте убаво со лажица да нема грудчиња. Смесата ставете ја во калап за куглоф(подмачкан со масло и брашно). Стaвете го да се пече на 250 степени 30 мин. во загреана рерна.
Служете со јогурт.