Тартуфи од суви сливи
Состојки
- 300 гр суви сливи
- 2 лажици рум
- 100 гр сецкани ореви
- 100 гр чоколадо
Подготовка
Сливите ситно исецкајте ги. Додадете им го румот и оставете ги некое време да го впијат. Потоа, изблендирајте ги.
Додадете ги сецканите ореви и стопеното чоколадо и убаво измешајте.
Од смесата правете бомбици кои ќе ги посипите со несквик, капучино или глазирате со стопено чоколадо.