Испечати

Тестенини во сос со брокула

Тестенини во сос со брокула

Состојки

  • 350гр тестенини
  • 1парче цела брокула
  • 250-300гр сланина
  • 200-250гр. шампињони(преферирам свежи,но може и саламурени)
  • 1/2л. неутрална павлака

Подготовка

Тестенините се варат во вода со малку сол. Брокулата се обарува(да не се превари). Сецканата сланина се пропржува во Делимано вок тавата, се додаваат печурките и се пржи додека да испари водата, па се исклучува ринглата и се додава неутралнат павлака, малку сол и бибер, брокулата исцепкана на покрупни парчиња и на крај исцедената тестенина. Внимателно се промешува и се сервира.