Испечати

Пилешки стек со шампињони и ѓумбир

Пилешки стек со шампињони и ѓумбир

Состојки

  • 400 гр пилешки стек
  • 1 лажица нишесте, густин
  • 200 гр шампињони
  • 50 мл зејтин
  • 1 чесне лук
  • 1 лажиче исецкан ѓумбир
  • 1 лажица мешан зачин
  • неколку капки зејтин од сусам (необавезно)

Подготовка

1. Месото се сецка и се меша со нишестето. Се сецкаат и печурките.
2. На топол зејтин пропржете го пилешкото, па тргнете го настрана. На истиот зејтин се пропржуваат печурките и тие се тргаат настрана.
3.Месото вратете го кај печурките, додајте ги другите состојки, добро измешајте и нека ви е на здравје!
Ова јадење, кое се подготвува ала минут, можете по желба да го сервирате со што сакате-ориз, пире, компирчиња...