Испечати

Обланди со фил од таан алва и бисквити

Обланди со фил од таан алва и бисквити

Состојки

  • 1 пакување(5 листа обланди) обланди
  • 400 гр. бисквити(мелени)
  • 400 гр. таан алва
  • 400 мл. млеко
  • 250 гр. шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 100 гр. чоколада

Подготовка

Млекото со шеќерот се става да се загрее, се става и маргаринот да се стопи со повремено мешање. Кога маргаринот ќе се стопи се трга тенџерето од оган и се става алвата на коцки и чоколадата(изрендана или на коцки), се вари додека згусти(малку) на тивок оган со постојано мешање(да не загори). Се трга од оган се ставаат бисквитите и се меша доека се изедначи.
Се филуваат обландите.Се остава во фрижидер да се стегне и се сече на коцки.