Испечати

Здрав колач со јаболки

Здрав колач со јаболки

Состојки

  • 400 г мусли
  • 300 мл овошен сок
  • 5 јаболки
  • 1 ванила
  • 1 голема лажица мед
  • 2 преполни големи лажици мармалад
  • 1 лажица цимет

Подготовка

Рецептов е од кеден дајт за рецепти.
Се прелеваат муслите со сокот, се промешуваат и се оставаат да отстојат. Се рендаат јаболките со кора. Се мешаат муслите со јаболките и сите други состојки. Се сипуваат во намрсена тава бр.24. Се печат на 200Ц, 30 минути. Се остава да се олади и се посипува со шеќер во прав.