Тулумби со ладен шербет
Состојки
- 250 мл вода
- 50 мл масло
- прстофат сол
- 250 гр брашно
- 4 јајца
- Шербет
- 600 гр шеќер
- 500 мл вода
- 1 ванила
- Масло за пржење
Подготовка
Најпрво припремете го шербетот.
Водата и шеќерот ставете ги да зовријат. Откако ке зовријат нека се варат околу 20 мин на среден оган. Во готовиот шербет додајте пола филџанче ладна вода(40мл) и ванилата измешајте и оставете го да олади.
Подгответе ги тулумбите.
Водата, маслото и солта ставете ги да зовријат. Додадете го брашното и убаво измешајте го да се изедначи смесата. Оставете ја да олади.
Додајте ги јајцата едно по едно и се меси да се добие мазно тесто.
Тестото ставете го во шприц за тулумби и пржете ги во поголема количина на масло на средна Т.
Пржените тулумби ставајте ги во оладениот шербет, потоа подредете ги во плех и прелијте ги со останатиот шербет.
Оставете ги да оладат и да впијат од шербетот и послужете ги!