Испечати

Малинести локумки

Малинести локумки

Состојки

  • 400 гр локум
  • 200 гр шеќер во прав
  • 100 гр кокос
  • 1 екстракт од малина
  • по желба/потреба чоколадни трошки

Подготовка

Локумот сито се сечка и се меша со шеќерот во прав.
Потоа се додава кокосот и екстрактот од малина.
Се убаво се меси во компактна целина.
Од смесата се прави тенка салама од која се сечат ситни парчиња, кои се оформуваат во вид на бомбици.
На секоја бомбица одозгора со прстот се прави вдлабнатина и се пополнува со чоколадни трошки.