Ќофтиња од мисиркино месо во сос од брокула
Состојки
- Ќофтиња
- 500гр. мисиркино мелено месо
- 100гр. пармезан
- 1главица кромид
- 3-4лажици лебни трошки
- 1 сува пиперка
- по потреба зачин од сув зеленчук, црн бибер
- Сос
- 1китка(400-500гр) брокула
- 150гр. рикота
- 3лажици пармезан
- 50гр. путер
- по потреба сол црн бибер
Подготовка
Во длабок сад ставете го меленото месо, ренданиот кромид и сите други состојки за ќофтињата и убаво со рака замесете ја смесата.
Покријте со најлонска фолија оставете ги во фрижидер да отстојат околу 1 час.
Во меѓувреме ставете ја броклата да се обари околу 10 минути на тивок оган.
Обарената брокула префрлете ја во блендер и додајте ги останатите состојки за сосот. Додадете и малку од водата во која се варела брокулата и убаво изблендирајте ја смесата.
Откако ќофтињата ќе отстојат со намрснети раце формирајте ќофтиња и пржете ги во загреано масло.
Испржените ќофтиња извадете ги на кујнска хартија да ја впијат мрснотијата и послужете ги со претходно подготвениот сос.