Испечати

Благ ориз со суви кајсии

Благ ориз со суви кајсии

Состојки

  • 250 гр сладок ориз ( може и обичен )
  • 375 мл млеко од соја ( или обично млеко )
  • 200 гр суви кајсии
  • 150 мл цеден сок од портокал
  • 1 пакетче ванилин шеќер

Подготовка

Сварете го оризот со напитокот, отприлика 45 минути и оставете го да се олади.
Сувите касјии исечете ги на ситни коцки и оставете ги да се омекнат во цедениот сок од портокал.
Омекнатите кајсии заедно со сокот од портокал додадете ги во оризот, заедно со пакетчето ванилин шеќер.

Послужете ладно, со топка шлаг или бидете храбри на ладново време со топка сладолед.

Ви посакувам среќни празници на сите...