Испечати

Линцер колачиња

Линцер колачиња

Состојки

  • 250 гр путер
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1 јајце
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 чаши брашно
  • 2/3 чаша мелени ореви
  • 1/4 лажиче сол
  • 1/4 лажиче цимет
  • мармалад по желба, за премачкување

Подготовка

Од сите состојки измесете тесто. Ставете го во фрижидер 2 часа.
Потоа расучете кора со дебелина 3-4 цм и сечете форми по желба.
На половината од нив на средина направете им дупче со помало калапче.
Ставете ги на плех покриен со хартија и печете ги на 180 Ц 12-13 мин.
Кога ќе се оладат, спојувајте ги со мармалад. Одозгора наросете ги со шеќер во прав.