Кокос коцки
Состојки
- потребно за кора
- 1,5 чаша (250 гр) кокос
- 1 чаша шекер
- 1 чаша млеко
- 1 чаша брашно
- 0,5 чаша масло
- 1 јајце
- 1 пециво
- потребно за крем
- 600мл млеко
- 7 лаж шекер
- 7 лаж брашно
- 200 гр маргарин
- 100 гр прах шекер
- 7лаж кокос
Подготовка
1. Се мати јајцето со шеќерот, потоа се додава маслото и млекото се промешува, па се додава брашното, кокосот и пециво. Се става во подмачкано плекче со масло и брашно и се пече на 185 степени околу 30 мин.
2. Половина и повеќе од млекото се става да се загрее со шеќерот. Во остатокот се раствара брашното, кое се додава во врелото млеко и се вари густ крем.
3.Кога кремот ке олади се спојува со претходно изматен маргарин со прах шекер и се додава кокосот.
4. Кремот се сипува одозгора на испечената и оладена кора се израмнува и се посолува со кокос, се става малку во ладилник и се сече на коцки.