Орев корпички
Состојки
- 300мл вода
- 300гр шеќер
- 300гр ореви млени
- 125гр маргарин
- 200гр чоколада
- 3 лажици зејтин
Подготовка
Чоколадата се топи и се премачкуваат корпиците. Се ставаат во фрижидер и се повторува уште еднаш премачкувањето.
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат и се вари 2-3 минути. Се додаваат оревите и се убаво се меша. Маргаринот се мати и се додава кон оладената смеса, па се полнат корпиците и се декорираат по желба.