Чоколаден фаџ со суви вишни
Состојки
- 1 лименка засладено кондензирано млеко
- 225 гр темно чоколадо, ситно исецкано
- 1 шоља (280 гр) Нутела
- 45 гр мек путер
- 1/2 лажичка крупна морска сол
- 80 гр суви вишни, ситно сецкани
- 50 гр потпечени лешници, ситно сецкани
- 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка
На плехче со големина 20 на 20 цм ставете хартија за печење со издигнати рабови.
Во едно мало тенџерче на сосема тивок оган или на пареа растопете ги засладеното кондензирано млеко, чоколадото, Нутелата, путерот, солта и ванилата. Мешајте додека сите состојки не се растопат и сосема не се соединат.
Тргнете од оган и додајте ги сецканите лешници и сувите вишни. Добро измешајте и истурете ја содржината во плехчето.
Израмнете ја површината и оставете добро да се олади во фрижидер, 3 - 4 часа.
Исечете на коцки по ваша желба. Јас го исеков на 64 мали коцки.
Чувајте ги во фрижидер во добро затворена кутија.
Ако сакате, одозгора наросете уште малку крупна морска сол. Тоа ќе го потенцира вкусот на чоколадото.