Видео рецепт: Ванила Карамели
Овој вид карамела е исклучително традиционално Англиско колаче. Тоа е побогато и помеко од обичната карамела и луѓето обично го прават за пријателите во овој период од годината. Постапката е едноставна и има малку состојки, но лесно може да тргне наопаку.
Состојки
- 300 милилитри млеко
- 350 грама шеќер
- 100 грама несолен путер
- 1 лажичка екстракт од ванила
Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 4-6
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола и Правоаголна тава.
Подготовка
Чекор 1: Едноставно ставете ги млекото, шеќерот и путерот заедно во Касеролата и почнете полека да ги загревате. Правењето карамели бара трпение и полно внимание.
Чекор 2: Продолжете полека да ги загревате состојките и внимавајте шеќерот целосно да се раствори и путерот да се стопи.
Постојано мешајте 15 минути и гледајте како смесата почнува да зоврива. Кога ќе почне да се подига и ќе биде блиску до претекување од касеролата, извадете ја од оган и продолжете да мешате додека смесата да спадне.
Сега ставете го екстрактот од ванила и промешајте го.
Чекор 3: Додека смесата се лади таа ќе почне да се згуснува, но продолжете да мешате. Потоа оставете ја да се излади неколку минути.
Чекор 4: Земете ја правоаголната силиконска тава. Намачкајте ја со малку путер, потоа сипете ја смесата и оставете ја да се излади и да спадне. По 20 од 30 минути треба да биде готова за сечење, а можете и да ја скршите на големи парчиња.
Земете неколку коцки карамела и врзете ѝм ленти за подарок.
СОВЕТ: Овие карамели се толку вкусни и се топат во уста. Тие се преубава смеса на путер и шеќер, богати и свилести. Има безброј варијации кои на карамелата ѝ даваат различни вкусови и би се изненадиле што сé можете да им додадете. Како Ви звучи вкус на рум и чоколадо?
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки ; Сет од 5 калапи