Мариниран лосос
Состојки
- 3 кременадли свеж лосос
- 3 лажици соја сос
- 3 лажици сусамово или ладно цедено сончогледово масло
- 1 лажичка ѓумбир во прав
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка био зачин
- по желба брокула
- по желба моркови
- по потреба маслиново масло за пржење (не ладно цедено!)
Подготовка
Сецканиот лук се толчи малку се додава соја сосот, маслото од сончоглед или сусам, ѓумбирот во прав и зачинот. Од поготвениот сос се налева убаво на кремендлите лосос од двете страни. Вака маринираните парчиња се оставаат најмалку 1 час да одстојат. Се пржат на загреано масло во вок тава. Се сервираат со варени стапчиња морков и на пареа обарена брокула полиени со малку од соја сосот и ладно цедено маслиново масло. Се служи топло. Пријатно!