Пита со праз и ориз
Состојки
- 500 гр. готови кори за пита
- Прелив за премачкување на корите
- 400 мл. вода
- 2 лажици брашно
- 1 пециво
- 100 мл. зејтин
- малку сол
- За фил
- 3 страка праз
- 1 чаша (од200мл.) ориз
- малку сол
- малку зејтин
- 1 лажица зачин од мешан зеленчук
- малку црна пипер
- 2 јајца
- 2 лажици кисела павлака
Подготовка
Најпрво се подготвува филот.
Празот се чисти, мие и се сечка. На оган во тава ставаме 4-5 лажици зејтин и го ставаме ситно исечканиот праз да се пржи. Па додаваме сол и црн пипер. Во друга подлабока тава ставаме 3 лажици зејтин да се загрее, откако добро ќе се загрее зејтинот го ставаме оризот, убаво да се пропржи, па се додава 400 мл. врела вода, се додава 1 лажица мешан сув зеленчук и се остава да се вари на тивок оган додека оризот не ја впие целата течност. Оставаме да се олади. Откако ќе се олади оризот се измеша со празот, се додаваат 2 јајца и 2 лажици павлака.
Потоа, се подготвува преливот за премачкување на корите. Во водата се става брашното, пецивото, солта и зејтинот и се измеша.
Се одвојуваат по 4 кори. Секоја кора се премачкува со преливот за премачкување на корите и се редат една врз друга. Врз последната кора рамномерно се распоредува филот од празот и оризот. Се витка ролат. Постапката се повторува со сите кори. Ролатите се редат кружно во подмачкана кружна тепсија и се премачкува со остатокот од преливот за премачкување на корите. По желба се посолува со сусам.
Се пече во рерна загреана на 200 степени, околу 35 миути.