Испечати

Леб со песто сос

Леб со песто сос

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 125 мл топла вода
  • 125 мл топло млеко
  • 20 гр квасец
  • 3 лажици масло
  • 3 полни лажици песто сос
  • 2 лажици пармезан
  • 1 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче сол

Подготовка

Од сите состојки замесете не лепливо тесто и оставете го да кисне на топло додека да му се зголеми волуменот.
Потоа размесете го, ставете го во намарсен правоаголен калап и оставете го да скисне уште 40 мин.
Се печи во претходно загреана рерна на 180-200 С околу 45 мин.
Послужете го топло со крем или јако сирење и домати, одлична комбинација!