Испечати

Посни житни колачиња

Посни житни колачиња

Состојки

  • 100 гр корн флекс
  • 100 гр овесни снегулки
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици таан
  • 50 гр шеќер
  • 50 гр суво грозје
  • 50 гр ореви
  • 50 гр лешници
  • 50 гр бадеми
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 50 гр потпечен сусам
  • 100 гр маргарин

Подготовка

Во тенџере ставете го шеќерот, медот, маргаринот и таанот да се растопат. Додадете го и чоколадото. Кога ќе се добие течна смеса додадете го корн флексот, овесните снегулки, потпечениот сусам, сецчаните ореви, бадеми и лежици и сувото грозје. Додека е топла смесата ставете со лажица во хартиени корпички. Оставете да се оладат за да се стегнат. Ова е половина доза од која излегуваат околу 40 колачиња.