Празнично лепче со рузмарин и ленено семе
Состојки
- 500гр брашно
- 200мл вода
- 100мл зејтин
- 20гр свеж квасец
- 2 лажици рузмарин свеж
- 2 лажици ленено семе
- 10 зелени маслинки
- 6-7 лажици обарен спанаќ
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
Подготовка
Квасецот се става во топлата вода со шеќер да стаса. Одкако ќе стаса се меси тесто со брашното, солта и зејтинот. Тестото се остава да скисне а потоа му се додаваат сецканиот спанаќ, сецканите маслинки, рузмаринот и лененото семе.
Убаво се измесува и повторно стасува, а потоа стасаното тесто се префрла во калапи или во тепсија. Јас го печев во калап и од оваа смеса излегуваат две векни леб. Лебот најубаво се пече на хартија за печење.Доста е декоративен, а има и богат вкус.