Мусака со јачмен
Состојки
- 300 грама јачмен
- 1 модар патлиџан
- 2 моркови
- 2 компира
- 50 грама пченка шеќерец
- 2 чаши за млеко кисело млеко
- 4 јајца
- 200 мил. павлака од ориз ( може и обична )
- 1 лажица био зачин ( мешан зеленчук )
- 1 лажиче црн бибер
- 50 грама ајдамер ( може и друг кашкавал-рендан )
Подготовка
Јачменот нека отстои во вода 2 часа пред подготовката на јадењето.
Потоа се вари 10-тина минути и се процедува.
Во вок тава пропржете го модриот патлиџан. Откако ќе биде готов, ставете го на кујнска хартија да се впие вишокот маснотија.
Потоа продолжете со пропржување на морковот и компирот, а на крај додадете ја и пченката.
Во друг сад сматете ги јајцата, павлаката и киселото млеко, зачинете со вегета и црн бибер.
Во огноотпорен сад се реди - прво јачмен, па половина од смесата со киселото млеко, па потоа се додава зеленчукот, а над него остатокот од смесата со кисело млеко.
Одозгора се ренда кашкавал и се пече на 180 степени додека не порумени...или отприлика..30-40 минути.
Добар апетит!