Испечати

Колач со јапонско јаболко

Колач со јапонско јаболко

Состојки

  • 3 јајца
  • 180 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • 100 мл млеко
  • 250 гр брашно
  • 1 пециво
  • 3 јапонски јаболки (поголеми)

Подготовка

1. Ги матиме јајцата со шеќерот потоа додаваме млеко и масло мешаме со лажица. Го додаваме брашното во кое сме го измешале пецивото. Мешаме да се изедначи смесата, па ги додаваме јапонското јаболко кое предходно сме го излупиле исецкале и раскашале.
2. Печеме во загреена рерна на 200 степени, а кога ке добие боја намалуваме на 150 степени.
3. Печениот колач по желба го нарусуваме со прав шекер.

Напомена
Јаболкото треба да е во мека состојба.