Кременадли со сенф и зеленчук
Состојки
- 4 кременадли
- 200мл. сенф
- 4 компира
- 4 моркови
- 1/2 китка брокула
- 2лажици балсамико
- 1главица кромид
- по потреба магдонос,сол, вегета, црн бибер
Подготовка
Секоја кременадла истолчете ја премачкајте ги со сенф од свете страни, наросете црн бибер и вегета, полејте ги со масло и оставете ги околу 15 минути да отстојат .
Потоа во поголема тава на оган ставете го кременадлите и додајте ги компирите исечени на половина, круговите моркови, кромидот исечен на кругови, балсамико. Посипете го и зеленчукот со сенф, наросете вегета и црн бибер, налејте малку вода и поклопете со капак.
Оставете ги да се динстат, со повремено превртување на кременадлите. Пред самиот крај додајте ја брокулата исечена на помали парчиња и магдоносот и оставете да се динста уште малку.