Варено вино
Состојки
- 500мл црвено вино
- 2лажици шеќер
- 5-6 каранфилчиња
- 1/2 лажичка цимет
- 1/2 јаболко
Подготовка
Шеќерот го ставаме во сад да се пропржи, да се стопи, па го налеваме со виното. Ги додаваме каранфилчињата и циметот и јаболкото. Се вари додека да проврие и се трга настрана. Да се подолади, па се сипе во чаши и се пие по желба.
Во овие студени денови убаво ќе не загрее чаша вакво вино.