Испечати

Колач со кикиритки

Колач со кикиритки

Состојки

  • * За паднишпан
  • 3 јајца
  • 5-6 фил шеќер
  • 4 фил млеко
  • 3 фил масло
  • 2 фил мелени кикиритки
  • 5 фил брашно
  • 1 лаж несквик
  • 1 прашок за печење
  • на врв на ножот сода бикарбона
  • * За фил
  • 6-7 лаж вода
  • 10 лаж шеќер
  • 150 гр маргарин
  • 4 лаж несквик
  • 5 фил кикиритки (сакате мелени, сакате толчени)

Подготовка

Започнете да ги матите јајцата со шеќерот, па потоа со ред додадете ги течните и на крај сувите состојки.
Истурете ја содржината во ростер тавата или некоја со најмалку таа димензија и печете на 170 степени.
Додека се пече паднишпанот, спремете го филот. Ставете ги сите состојки за фил на оган да се стопат па додадете ги кикиритките.
Топлиот паднишпан се полева со топлиот фил.
Мерката за 1 филџан е од 100 мл.