Пити пастрмајлии
Состојки
- 1кг брашно
- 1 квасец
- 400г свинско сецкано месо
- 8 јајца
- 2 лажичиња сол
- 2 лажичиња шеќер
Подготовка
Брашното со квасецот и водата се замесува, да биде меко тестото. Се остава да стасува. Откога ќе стаса тестото се дели на 4 топчиња и тие се оставаат да стасаат. Се зема едно топче и се растегнува во тава во должина и се прави венец. Се реди 100г сецкано месо, врз него се става една лажица свинска маст и се става да се пече. Одкога ќе се запече тестото и месото се вади и се ставаат јајцата и со вилушка полека се разнесуваат низ питата. Повторно се става во рерната и кога ќе се запече јајцето се вади и венецот се мачка со свинска маст и се витка во прехранбена хартија. Истото се повторува и за другите пити.