Испечати

Вртени погачки

Вртени погачки

Состојки

  • 250 мл млеко
  • 150 мл масло
  • 2 јајца
  • 1 лаж шеќер
  • 2 лаж сол
  • пола квашче
  • по потреба брашно околу 600 гр
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка

1. Во сад за месење го сипуваме млекото, маслото, ги ставаме и јајцата додаваме шеќер, сол и квасец. Го додаваме брашното и месиме тесто кое го оставаме да сташе.
2. Од стасаното тесто делиме четиринаесет дела од секој дел посебно формираме круг, а потоа змијовидна форма која ја мотаме во вид на полжав. Долната страна средишниот дел го испупчуваме малку напред
3. Ги редиме погачките во плех обложен со хартија оставаме да појдат половина час и ги премачкуваме со изматено јајце, можете да им ставите и сусам.
4.Печете на 190 степени