Испечати

Ролнички од тиквичка со лосос стапчиња

Ролнички од тиквичка со лосос стапчиња

Состојки

  • РОЛНИЧКИ
  • 1 тиквичка
  • 200гр. крем сирење
  • 50гр. пармезан
  • 1 кришка леб(мекиот дел)
  • малку магдонос
  • малку лук во прав
  • СОС
  • 300гр, свежи шампињони
  • 200мл. неутрална павлака
  • 2лажици маслиново масло
  • 3лажици пармезан
  • ЛОСОС СТАПЧИЊА
  • 300гр. свеж лосос
  • 2 јајца
  • по потреба брашно
  • по потреба презла

Подготовка

Најпрвин исечете ја тиквичката на тенки листови и сосема малку запржете ги, извадете ги на кујнска хартија д се впие вишокот маснотија.
На секое парче тиквичка нанесете од крем сирењето.
Во блендер ставете го пармезанот , парчето леб,магдоносот и лукот во прав и убаво изблендирајте(исецкајте).
Од ова смеса нанесете на секое парче тиквичка и замотајте во ролат.

СОС
Во тава на оган ставете маслиново масло и печурките да се пржат. Откако водата ќе испари посолете, наросете црн бибер и додајте ги пармезанот и неутралната павлака. Промешајте додека сосос малку се згусти.

ЛОСОС СТАПЧИЊА

Лососот исечете го на правоаголни парчиња. Секое парче посолете го и свалкајте го во брашно, разматени јајца и во презла. Истото повторете го уште два пати за да бидат покрцкави.
Похованите парчиња лосос испржете ги во загреано масло и на крај извадете ги на кујнска хартија да се впие мрснотијата.

Напомена
Ако не можете да најдете свеж лосос, може да си спржите готови поховани стапчиња од риба.