Испечати

Посна торта со мармалад

Посна торта со мармалад

Состојки

  • Тесто
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша течност од компот
  • 1 чаша сецкано овошје од компот
  • 1 лажица какао
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • фил
  • 5 лажици мармалад од црни сливи
  • глазура
  • 1 посно чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло

Подготовка

1. Шеќерот, маслото, брашното, течноста од компотот, сецканото овошје, какаото и содата бикарбона заедно се мешаат.
2. Половина од тестото се тура во караванче број 28. Се печи на 180 степени колку да зафати кора. Се премачкува со мармаладот и се става и втортата половина од тестото. Се печи.
3. Чоколадото за готвење се топи со маслото на пареа.
4. Тортата се прелева со растопеното чоколадо.