Испечати

Вкусно полнето тесто

Вкусно полнето тесто

Состојки

  • 800 гр брашно
  • 400 гр топла вода
  • 1 квасец
  • 100 гр зејтин
  • 1 јајце
  • по желба/потреба лук
  • по желба/потреба колбаси или виршли

Подготовка

Се замесува брашното со топла вода и квасец. Постепено се додаваат зејтинот, лукот, солта и јајцето. Се прави тесто и се остава да стаса.Стои околу 30 минути.Од тестото се растегнува кора.Во средината на кората се става парчето колбас.Се усукува и колбасот останува во средината на тестото. Потоа се сечкаат парченца од кората и се пржат во врел зејтин.