Лимон еклери
Состојки
- Тесто
- 500 мл. млеко
- 100 гр. маргарин
- 300 гр. брашно
- 1 лажица шеќер
- прстофат сол
- 6 јајца
- Фил за еклери
- 200 мл. исцеден сок од лимон (од околу 4 лимона)
- 800 мл. млеко
- 250 гр. маргарин
- 4 ванили
- 20 лажици шеќер
- 16 лажици брашно или густин
- Глазура
- 100-150 гр. чоколадо за готвење
- 2-3 лажици масло
Подготовка
Тесто
Во тенџере на оган се ставаат млекото, маргаринот, шеќерот и солта.
Откако ќе почнат да вријат настрана ставете го тенџерето додајте го брашното, ставете го на оган со постојано матење додека се направи како топка и се одлепува од тенџерето.
Оставете го да се подолади. Едно по едно јајце додавајте мешајќи со миксер додека се направи убава смеса(да не биде течна).
На плехче обложено со хартија ставајте по едно лажиче од смесата или со готварски шприц(големина по желба) оставајте место помеѓу нив бидејќи нараснуваат. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени по 5 мин. намалете на 200 степени. Рерната никако не ја отварајте. Откако ќе се испечат оставете ги во рерна со малку подотворена врата на рерната. Сечете ги на половини или направете дупче и полнете ги со фил.
Фил
Ставете го млекото да се загрее со ванилите. Во сокот од лимон растворете го густинот(брашното) изренданата кора од лимон и шеќерот.
Кога ќе биде млекото пред вриење, пополека ставајте го растворениот густин(брашно), со постојано мешање.
Оставете го да се подолади и филувајте ги еклерите.
Прелијте ги со глазура или само попрскајте ги .
Глазура
Чоколадата ставете ја на пареа да се стопи со маслото.
Од оваа доза излегоа некаде 50-60 еклери зависи по која големина се .