Испечати

Њоки со горгонзола и ореви

Њоки со горгонзола и ореви

Состојки

  • 1 кг њоки
  • 250 гр горгонзола
  • 200 мл неутрална павлака
  • 30 гр путер
  • 1 рака сецкани ореви

Подготовка

Уште еден предлог за брз ручек или вечера за љубителите на горгонзола сирењето и њоките.

Во тава на тивок оган ставете го путерот, горгонзолата и павлаката да се стопат. Потоа додадете ги оревите и сварените њоки. Се заедно измешајте и послужете ги топли со пармезан.
Вашиот ручек е готов!