Прелиени кокосови коцки
Состојки
- 3 јајца
- 1 чаша (200мл) шеќер
- 1 и 1/3 чаша брашно
- 1/2 чаша млеко
- 1 чаша масло (неполна)
- 1 пециво
- 2 ванили
- Прелив
- 1 чаша млеко
- 150 гр шеќер
- 150 гр чоколадо
- 1 маргарин
- 200 гр кокос (за одозгора)
Подготовка
Измиксајте ги јајцата со шеќерот, додајте го маслото и млекото, па постепено додавајте го брашното измешано со пецивото и ванилата.
Смесата турете ја во правоаголна тепсија (помала, да не дојдe многу ниско) на која имате ставено хартија за печење.
Печете на 180 ц, се додека не се испече (проверете со чепкалка).
Стопете ги сите состојки за преливот и пред да почне да врие, тргнете го тенџерчето од ринглата. Нека се подолади.
Колачот исечете го на коцки со димензии по желба.
Најпрво секоја коцка ставете ја во преливот, нека се исцеди малку и наросете ја со кокос од сите страни.