Испечати

Посни колачиња со јаболка и рум

Посни колачиња со јаболка и рум

Состојки

  • 6 јаболки
  • 3 филџани вода
  • 6 филџани масло
  • 1 квасец
  • 150-200гр. мелени ореви
  • 1/2ампула рум
  • брашно по потреба
  • За валкање
  • по желба/потреба шеќер во прав

Подготовка

Замесете тесто од брашното, водата, маслото и квасецот.
Од тестото развлечете правоаголна кора.
На долниот крај од кората во должина нанесете од филот подготвен од рендани јаболка, мелени ореви и рум.
Свиткајте го делот врз кој е нанесен филот во ролат 2-3 пати и пресечете ја кората во должина.
Така добиената лента со фил исечете ја на коси парчиња.
Истата постапка повторете ја се до горниот крај на кората.
Наредете ги колачите во подмачкан плех и оставете ги да стасаат, а потоа печете ги на 180 степени додека поруменат.
Топлите колачиња свалкајте ги во шеќер во прав.