Испечати

Рижото со ракчиња и тиквичка

Рижото со ракчиња и тиквичка

Состојки

  • 260 гр ориз
  • 500 гр ракчиња
  • 220 гр тиквичка
  • 1/4 главица кромид
  • 5 лажици маслиново масло
  • 750 мл вода или супа од зеланчук
  • по вкус сол, вегета, бибер, магдонос

Подготовка

1. Во тава на маслиново масло пропржете го исецканиот кромид.
2. Додадете го оризот, тиквичката исечена на коцки, ракчињата и се заедно измешајте.
3. Додадете ја водата или супата и зачинете по вкус.
4. Оставете го да вари додека испари течноста и оризот омекне.
5. Послужете го топло со чаша бело вино.