Испечати

Варени ѓевречиња

Варени ѓевречиња

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 1 јајце
  • 50 гр. путер
  • 1/2 свеж квасец
  • малку сол и шеќер
  • 100 гр. сусам

Подготовка

Се замесува тесто со брашното, јајцето, путерот и квасецот растопен во млака вода и се додава по една мала лажичка шеќер и 2 лажички сол. Се остава да стаса 15тина минути, а потоа се прават топчиња од кои се прават мали ѓевречиња. Се оставаат пак да нараснат. Во зовриена вода се варат ѓевречињата и се вадат на платнена крпа, а потоа се валкаат во сусамот. Се редат во намрсена тава за печење и се печат 15тина мин. на 200 степени. И тоа е тоа.